Исплатени уште двајца корисници на средства од ИПАРД Програмата по седмиот Јавен повик (02/2012) - 21.03.2014 во 14:35

По успешната реализација на одобрените инвестиции, двајца корисници кои потпишаа Договор со Агенцијата за користење на средства од ИПАРД Програмата по седмиот Јавен повик (02/2012), добија средства од ЕУ фондовите за рурален развој.



Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 214.225,00 денари на корисникот Кирил Карапалевски од Ресен за обновување на постоечки овошни насади. Од вкупно исплатените средства 160.668,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 53.557,00 денари се средства од буџетот на РМ.

На корисникот Љупче Стефановски од Ресен исплатени се средства во износ од 194.750,00 денари од кои 146.062,00 денари се средства од буџетот на ЕУ и 48.688,00 денари се средства од буџетот на РМ и истите се наменети за обновување на постоечки овошни насади.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu