СООПШТЕНИЕ - 07.03.2016 во 15:20






Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека во тек e поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2015 година.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар.

Барањата се поднесуваат до 30 април 2016 година во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е извршена регистрација на земјоделското стопанство.

Како доказ за продадено млеко се доставуваат откупни белешки издадени од регистрирани откупувачи на сурово млеко запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.


македонска верзија


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu