<
На ден 06.04.2016 година во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој директорката на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој г-ѓа Билјана Вуковиќ и директорот на АД Водостопанство на Република Македонија г-дин Ромео Тренов потпишаа меморандум за соработка преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој во насока на регулирање на правата и обврските на двете институции во однос на постапките за реализација на инвестициите предвидени во Мерката 124- Инвестиции во инфраструктурата за развој на земјоделството.
|