СООПШТЕНИЕ - 12.09.2018 во 13:30






Демант!

Почитувани,

По повод натписите во дел од порталите, но, и согласно медиумскиот интерес за Јавната набавка на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој, Ве информираме дека Јавната набавка е направена согласно Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР, и по планот на Владата на РМ за модернизација на институциите.

Средствата наменети за оваа Јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА фондови. Три (3) милиони денари се обезбедени од Програмата за Финансиска поддршка во Руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства истите ќе беа вратени во ЕУ.
Овие средства се наменети за набавка на хардверска и мрежна опрема, а со цел доопремување и унапредување на условите на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој. За оваа набавка има добиено согласност и од Националниот Совет. Огласот за реализирање на оваа Јавна набавка, освен на електронскиот систем за Јавни набавки на РМ, е испратен и до Службеното гласило на Еу, и се очекува да биде објавен наредните денови. https://ted.europa.eu/TED/main/HomePage.do

Со оваа набвка која ни се овозможува со средства од ЕУ, треба да се забрза обработката на апликациите и барањата и по Националните и по ИПАРД Програмата, за да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се дадени на располагање. Во врска со бројот на вработени ве информираме дека во АФПЗРР, моментално работно се ангажирани вкупно 222 вработени.

По однос на вредноста на набавката ве информираме дека:
Компјутерите кои се набавуваат мора да имаат гаранција од три години, а три годишна гаранција мора да има и лиценциран „оператативен систем“, затоа што се бара максимална заштита на податоците со кои располага АФПЗРР. Инстутуцијата располага со доверливи податоци, информации за аликантите, кои се корисници и на средствата кои ги нудиме по Националните и по ИПАРД Програмата. Оваа набавка треба да овозможи АФПЗРР, со нејзините софтвери лесно да може да се поврзува со софтверите на останатите институции со кои соработува АФПЗРР, за да може апликациите на земјоделците и на бизнис заедницата која аплицира по Националните и ИПАРД Програмите брзо да се завршуваат и да се овозможи поголема искористеност на средствата кои ни се на располагање. Со тоа ќе се овозможи унапредување на домашниот агро – сектор, зголемено производство, откуп и пласман на македонски домашни производи.
Предвидено е набавката да има MAF, односно компјутерите да бидат со „BRAND NAME“. Компјутерите кои се набавуваат мора да се изведат од добавувачи кои имаат сертификат за инсталација и конфигурација на опремата. Исто така, мора да бидат со најдобри можни перформанси во делот на процесорите, дисковниот и другите компоненти. Мора да поседуваат и сертификати за квалитет и сертификати кои се однесуваат на информатичка опрема.

Во однос на информациите за избор на најниска понуда, ве инфоррмираме дека „Предметот на оваа Јавна набавка“ налагаше како критериум, да биде земена најниската цена. И тоа е согласно законските прописи кои се дадени подолу.

Во однос на натписот за критериумот за најниска цена согласно чл. 160 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи : „Критериум за доделување на договор за јавна набавка е најниска цена“, и согласно став 2 од истиот член кој гласи „По исклучок на ставот (1) на овој член критериум за доделување на договор за јавна набавака може да биде економски најповолна понуда кај набавката на консултански и други услуги од интелектуален каратер, кај постапките за доделување договор за јавно приватно партнерство, како и во случаи каде што заради специфичноста на предметот на договорот не е можно прецизно да се утврди квалитетот или други елементи како минимални услови од техничките спецификации.

Во однос на гаранцијата на понудата АФПЗРР има побарано Изјава за сериозност таа е побарана во точка 4.6 од Тендерската документација. Која следи подолу:

Членовите од Закон следат подолу: Во однос на гаранција на понуда Согласно член 47 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи „Договорниот орган може да бара гаранција на понуда во вид на банкарска гаранција или депонирани средства, а во спротивно задолжително бара изјава за сериозност на понудата и тоа задолжително го наведува во тендерската документација“.

Околу Банкарската гаранција информираме дека АФПЗРР како „Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен понудувач бара гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вредноста на договорот“.
Согласно чл. 48 став 1 од Законот за јавни набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 27/2015, 78/2015, 192/2015,27/2016, 120/2016, 165/2017 и 83/2018) кој гласи „Договорниот орган може да бара од понудувачот чија понуда е избрана за најповолна да обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот во вид на банкарска гаранција и тоа задолжително го наведува во тендерската документација“ и став 2 од истиот член кој гласи „Висината на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот може да биде од 5% до 15% од вредноста на договорот за јавна набавка.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu