И Н Ф О Р М А Ц И Ј А - 29.01.2009 во 14:42


И Н Ф О Р М А Ц И Ј А



Во периодот од 13 – 15 јануари 2009 година во организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделстовото и руралниот развој (АФПЗРР) се одржа обука за вработените во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ), Федерација на фармери и на Подрачните единици при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).


Целта на обуката беше:


- Претставување на Програмата за Финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година
- Презентација на обрасците А, А1 и А2 – барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството (ПФПЗ) за 2009 година (растително и сточарско производство), како и на упатство за пополнување на горенаведените обрасци за мерките 1.1, 1.4, 1.13, 2.1 и 2.2
- Листа на потребни документи за остварување на правото на користење на средствата од ПФПЗ за 2009 година


На обуката одржана на 13 и 14 јануари 2009 година присуствуваа 100 вработени од АПРЗ.






Слика од обуката одржана 14.01.2009 со вработените од АПРЗ



На 15.01.2009 година беше организирана обука на која присуствуваа 123 вработени во Подрачните единици на МЗШВ.


Обуката одржана на 16.01.2009 година со вработените од Федерација на фармери присустваа 13 варботени.






Слика од обуката одржана 16.01.2009 со вработените од Федерација на фармер


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu