СООПШТЕНИЕ - 31.01.2020 во 14:31




Исплатени субвенциите за поледелски култури


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ги исплати субвенциите за одгледувачите на поледелски култури. Станува збор за исплата по мерката 1.1 Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за сите поледелски култури освен тутунот. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои во производната 2018 - 2019 година имаат засеани и ожнеани површини со: пченица, јачмен, пченка, рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак, соја и сончоглед. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, појасни дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството“ за 2019 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.
„ Без селекција и во еден ден на сметките на 23.108 субјекти исплативме 376.122.517,00 денари. Со ова покажуваме дека во еден ден и без никаква селекција се исплатија сите кои одгледуваат поледелски култури со исклучок на тутунот. “ – истакна Бабовски.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство информираше дека МЗШВ и Агенцијата и во наредниот период ќе продолжат со праксата на навремена исплата на финансиската поддршка во земјоделството.
„Политиките на навремена и не селективна исплата на субвенциите продолжуваат токму во периодот кога средствата им се најпотребни. Со ова докажуваме дека ние се грижиме за земјоделците. Денеска се исплатени субвенции за поледелски култури во висина од 6,3 милиони евра за над 23 илјади земјоделци.“ – истакна министерот Димковски
Димковски и Бабовски појаснија дека нема застој во исплатите на субвенциите. Оваа Влада од почеток на мандат до денеска има исплатено 341,5 милиони евра по Програмата за земјоделство и рурален развој.

Бабовски: Исплатени субвенциите за поледелски култури





 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu