СООПШТЕНИЕ - 29.04.2021 во 11:00




Исплатени близу 412 милиони денари субвенции за земјоделците

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, исплати близу 412 милиони денари субвенции на 9.738 субјекти. Стаува збор за исплата на субвенции за одржување на овошни насади и за мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека средства од денешната исплата има на сметките на сите кои имаат поднесено барања за добивање на финансиска поддршка од Програмата финансиска поддршка во земјоделството“ за 2020 година и законски се стекнале со право на оваа финансиска поддршка.

„Право на користење на поддршката за овошни насади имаат производителите на сливи, круши, јаболка, праски, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, бадеми, лешници, рибизли, гоџи бери, аронија. Корисници на мерката директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години се сите земјоделски стопанства кои земале финансиска поддршка во 2017, 2018, 2019 година и истите не биле корисници на останати подмерки. “ – појаснува Бачовски.

Средствата за кои земјоделците уредно аплицирале и ги исполниле условите за добивање на финансиска поддршка тековно ќе се исплаќаат а Агенцијата за тоа како и досега ќе ја информира јавноста.


Sot, u paguan afër 412 milion denarë subvencione për bujqit

Agjencia për mbështetje financiare në bujqësi dhe zhvillim rural pagoi afër 412 milion denarë subvencione për 9.738 subjekte. Bëhet fjalë për pagesën e subvencioneve për mirëmbajtjen e pemishteve dhe masën e pagesave direkte për ekonomitë e vogla bujqësore, të përcaktuara sipas pagesave për tre vitet e mëparshme.
Mjetet nga pagesa e sotme janë në llogaritë e të gjithë atyre që kanë paraqitur kërkesë për mbështetje financiare nga "Programa për mbështetje financiare në bujqësi", për vitin 2020 dhe kanë fituar ligjërisht të drejtën për këtë mbështetje financiare.

Përfitues nga kjo masë janë prodhuesit e kumbullave, dardhave, mollëve, pjeshkave, kajsive, qershive, luleshtrydheve, mjedrave, manaferrave, boronicave, ftua, medullave, ullinjve, mollëve japoneze, bademave, lajthive, rrushit pa fara, goji berry dhe aronive. Përfituesit e masës, pagesë direkte për ekonomitë e vogla bujqësore të përcaktuara sipas pagesave të mbetura për tre vitet e mëparshme, janë të gjitha ekonomitë bujqësore që morën mbështetje financiare në vitin 2017, 2018, 2019 dhe se ato nuk ishin përfituese të nën-masave të tjera.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu