СООПШТЕНИЕ - 22.07.2022 во 15:19






Директорот Никица Бачовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја посетија винаријата ИМАКО ВИНО ЕКСКЛУЗИВ ДОО Штип која е успешен корисник на ИПАРД 2 програмата.

Оваа винарија преку мерките од ИПАРД програмата има набавено ладилна опрема, перистатилтични пумпи, акцелератор за малелација и придружни делови за поврзување и напојување.

Инвестицијата во оваа опрема е поддржана со грант од АФПЗРР во висина од 3.3 милиони денари, финансиска поддршка која е обезбедена од ЕУ.

Искористеноста на европскиот фонд за земјоделство и рурален развој е со високи 97% од вкупно расположливиот буџет што говори за успешната имплементација на ИПАРД 2 програмата.

Досега се склучени над 2300 договори со вкупна финансиска поддршка од близу 60 милиони евра. Поддржаните инвестиции предвидуваат набавка на модерна земјоделска механизација, инвестиции во долгогодишни насади и системи за наводнување, изградба и реконструкција на фарма, изградба и опремување на капацитети за производство и преработка на земјоделски и рибни производи, инвестиции во алтернативно земјоделство, како и инвестиции во сместувачки и угостителски објекти во рурални средини и поддршка на микро и малите бизниси.


 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu