И З В Е С Т У В А Њ Е - 17.03.2009 во 21:49


ИЗВЕСТУВАЊЕ




Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека започна исплатата на финансиска поддршка за површини со есенски житни култури, за обележани грла говеда како и за предаденото млеко во последните месеци од 2008 година.
За овие мерки до 15 февруари 2009 година барање поднесоа повеќе од 55 илјади земјоделски производители.
Висината на поддршката за есенските житни култури е 6.000 денари по хектар. Производителите добиваат и дополнителна поддршка од 1.200 денари по хектар за користен сертифициран семенски материјал.
Висината на поддршката за високопродуктивните говеда е 2.000 денари по грло, а за буши и други мешавини 1.500 денари по грло.
Поддршката за произведено и предадено млеко изнесува 2,5 денари за литар.
За сите мерки од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година обезбедена е дополнителна поддршка за семејните земјоделски стопанства и тоа: за подрачјата со отежнати услови на производство се исплаќаат дополнителни 15%, а доколку за носител на стопанството е пријавена жена или млад земјоделец се исплаќаат дополнителни 10%.
Финансиската поддршка се исплаќа на трансакциски сметки, а за датумот на префлање на средствата земјоделски производители ќе бидат известени преку подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.



Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
Бул. 3-та Македонска Бригада бб (зграда Македонија Табак блок Ц)
Телефон 02 3228 852 и 02 3 228 840

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu