С О О П Ш Т Е Н И Е - 19.09.2008 во 14:53


С О О П Ш Т Е Н И Е



Пред почетокот на сеидбените активности, за навремена и квалитетна есенска обработка на почвата, стартува исплатата на финансиската поддршка во земјоделството за компензација на дел од трошоците за употреба на дизел горивото.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските производители дека од денес започнува исплатата на финансиската поддршка по мерката компензација на дел од трошоците за употреба на дизел гориво и се очекува да се изврши во целост во текот на наредната недела.

За оваа мерка барање доставија над 22 илјади земјоделски производители, а поддршката се исплаќа за пријавена обработената површина во барањето за упис во единствениот регистер на земјоделски стопанства.

Висината на поддршката е 2.000 ден/ха. Со зголемување на површините, се намалува висината, и тоа:

- за површина од 10 до 50 ха се исплаќаат 1.000 ден/ха
- за површина од 50 до 300 ха се исплаќаат 500 ден/ха
- за површина над 300 ха се исплаќаат 300 ден/ха

Во врска со претстојната исплата по мерката предадено млеко во регистрирани објекти за преработка на млеко, ги известуваме млекарниците кои досега не ги доставиле списоците за откупеното млеко за периодот мај-јули истите во најкраток рок да ги достават до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Со ова ќе се овозможи навремена исплата на финансиската поддршка кон фармерите кои произведеното млеко го продале во регистрираните млекарници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu