ИЗВАДОК ОД ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈАТА ОДДРЖАНА НА 22.09.2009 ВО ПРОСТОРИИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ - 23.09.2009 во 14:11

Во периодот помеѓу 07-18 Септември 2009 година се оддржа ревизорска мисија од страна на ревизорите на Директоратот за земјоделство и рурален развој околу пренесување на правото за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој (ИПА 5та компонента - ИПАРД).

Првичните резултати соопштени на завршниот состанок од мисијата оддржан на 18.09.2009 година се позитивни и не се констатирани блокирачки фактори кои би го одложиле пренесувањето на правото за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој (ИПА 5-та компонента - ИПАРД). Имено, ревизорите ќе предложат македонската оперативната структура за ИПАРД (Управувачкото тело при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, вклучувајќи го и Националниот фонд при Министерството за финансии) да и се пренесе правото за управување со средствата од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија во областа на рурален развој (ИПА 5та компонента - ИПАРД). Според ревизорите од наведениот директорат Македонија покажа дека ги поседува потребните административни капацитети, стручност и знаење за управување со европските претпристапни фондови во областа на руралниот развој.
Официјалната одлука за доделување на правото за управување со средствата се очекува да биде објавена во службениот весник на Европската Унија во текот на Ноември 2009 година.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во тек се подготовките за објавување на првиот јавен повик за користење на европските претпристапни средства за рурален развој веќе во декември годинава, а од Април-Мај 2010 година се очекува дека ќе бидат склучени и првите договори за користење на овие средства.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Menu