Има 2937 текстови на 420 страни а Вие сте на 1 -та страна

СООПШТЕНИЕ - 17.08.2022







АФПЗРР : Исплатени субвенциите за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања за обележани грла говеда и презимени пчелни семејства.


[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 01.08.2022




Од денеска до 31- ви август сите оризопроизводители кои во производната 2021 година имале засеани површини со ориз и за истите оствариле право на финансиска поддршка ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за оризовата арпа која ја предале во регистрирани капацитети за откуп во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.
Исто така од денеска до 31- ви август сите производители на јаболко кои во 2021 година оствариле право на финансиска поддршка за одржување на површини со јаболко ќе можат да аплицираат за добивање на дополнителна финансиска поддршка за продадени јаболка во регистрирани преработувачки капацитети или кај регистрирани откупувачи во период од 16 декември 2021 година до 30 јуни 2022 година. Висината на дополнителната финансиска поддршка е 3 денари по килограм.

[повеќе]

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022 за доставување на барања за користење на средства по мерка 3 “Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” од ИПАРД Програмата 2014 - 23.07.2022






Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финасиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за „Земјоделство и рурален развој" (ИПАРД) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2016), врз основа на Дел II мерка Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи точка 11 од Програмата за користење на средствата од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/2016) и член 4 од Уредба за изменување и дополнување на уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 („Службен весник на Република Северна Македонија бр. 58 од 19.03.2019)


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

на 23 јули 2022 година објавувa

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2022

за доставување на барања за користење на средства од

ИПАРД Програмата 2014-2020



македонска кратка верзија

албанска верзија

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 22.07.2022



Директорот Никица Бачовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ја посетија винаријата ИМАКО ВИНО ЕКСКЛУЗИВ ДОО Штип која е успешен корисник на ИПАРД 2 програмата.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 22.07.2022



Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на прес - конференција го најавија јавниот повик за финансиска поддршка за инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи - препознатлива во јавноста како Мерка 3 од ИПАРД 2 програмата.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 22.07.2022







АФПЗРР: Исплатени 19.343.583 денари финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата по основ на подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед. Исплатени се 1013 корисници во висина од 19.3 милиони денари.

[повеќе]

СООПШТЕНИЕ - 07.07.2022







АФПЗРР : Исплатена е финансиската поддршка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата од подмерката од Интервентниот фонд која предвидува финансиска поддршка за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет.

[повеќе]

Страна:  1 2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33  34  35  36  37  38  39  40  41  42  43  44  45  46  47  48  49  50  51  52  53  54  55  56  57  58  59  60  61  62  63  64  65  66  67  68  69  70  71  72  73  74  75  76  77  78  79  80  81  82  83  84  85  86  87  88  89  90  91  92  93  94  95  96  97  98  99  100  101  102  103  104  105  106  107  108  109  110  111  112  113  114  115  116  117  118  119  120  121  122  123  124  125  126  127  128  129  130  131  132  133  134  135  136  137  138  139  140  141  142  143  144  145  146  147  148  149  150  151  152  153  154  155  156  157  158  159  160  161  162  163  164  165  166  167  168  169  170  171  172  173  174  175  176  177  178  179  180  181  182  183  184  185  186  187  188  189  190  191  192  193  194  195  196  197  198  199  200  201  202  203  204  205  206  207  208  209  210  211  212  213  214  215  216  217  218  219  220  221  222  223  224  225  226  227  228  229  230  231  232  233  234  235  236  237  238  239  240  241  242  243  244  245  246  247  248  249  250  251  252  253  254  255  256  257  258  259  260  261  262  263  264  265  266  267  268  269  270  271  272  273  274  275  276  277  278  279  280  281  282  283  284  285  286  287  288  289  290  291  292  293  294  295  296  297  298  299  300  301  302  303  304  305  306  307  308  309  310  311  312  313  314  315  316  317  318  319  320  321  322  323  324  325  326  327  328  329  330  331  332  333  334  335  336  337  338  339  340  341  342  343  344  345  346  347  348  349  350  351  352  353  354  355  356  357  358  359  360  361  362  363  364  365  366  367  368  369  370  371  372  373  374  375  376  377  378  379  380  381  382  383  384  385  386  387  388  389  390  391  392  393  394  395  396  397  398  399  400  401  402  403  404  405  406  407  408  409  410  411  412  413  414  415  416  417  418  419  420  Следна >>

Menu