СООПШТЕНИЕ
-
13.09.2021
Македонија ќе дисеминира знаење на Црна Гора за искористување на средства од ИПАРД и воведување на ИАКС систем
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска во просториите на АФПЗРР, имаше средба со министерот за земјоделство на Република Црна Гора Александар Стијовиќ и со државната секретарка за земјоделство на Црна Гора Николина Мишниќ. На состанокот се разговараше, како двете институции да обезбедат меѓусебна соработка и взаемно да си помагаат во насока на развој и јакнење на административната структура како и зголемена апсорпција на средствата и од националниот, но и од ЕУ Буџетот. Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, истакна дека со интензивирањето на комуникацијата на политичко и техничко ниво се отвараат и нови можности за размена на искуства и меѓусебно помагање на патот кон ЕУ и за двете земји.
[повеќе] |