СООПШТЕНИЕ
-
01.12.2020
Почна аплицирањето за добивање два денари субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека од денеска па се до 25- ти декември 2020 година, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.
[повеќе] |