|
|
Има
2936
текстови на
420
страни а Вие сте на
22
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
18.12.2020
Со проекти од програмата за рурален развој го развивме руралниот туризам и локалната економија во Кавадарци
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Кавадрци Митко Јанчев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски,раководителот на Вардарски плански регион Игор Андреев како и претставници на здружението „Тиквешки точкаџии“, планинарско друштво „Орле“ и здружението на телесни инвалиди „Мобилност“, присуствуваа на настанот за свечно пуштање во употреба на нова пешачко велосипедска патека во Општина Кавдарци.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
14.12.2020
Бабовски : Исплатени субвенциите за органско производство
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 658 лица исплати 91,633 милиони денари за одгледувачите на органско производство.
Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, преку соопштение за јавноста информира дека станува збор за исплата на средства за оние апликанти кои имаат поднесено барања за добивање на средства од Програмата за рурален развој, поточно аплицирале за „Мерката 215 органско производство“.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
05.12.2020
Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, вложуваме 190 милиони денари во земјоделското производство
Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и заменик директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Ремзи Абдулахи, денеска ги доделија првите договори за поддршка до 20 илјади евра на млади земјоделци за поттикнување на земјоделското производство.
Премиерот Заев истакна дека земјоделството и производството на храна се шанса за успех и дека пандемијата со вирусот КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна од македонско производство.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
03.12.2020
Исплатени 225 милиони денари за субвенции за трета фаза произведено и предадено млеко
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска во Штип оддржаа состанок со сточарите. На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат дел од сточарите, за откупната цена на јагнето и за тоа како стоката да презими. Директорот на АФПЗРР, ги информира сточарите, дека денеска на сметките на сточарите се легнати и парите за трета фаза произведено и предадено млеко, средства кои ќе им помогнат да ги набават храна за презимување на стоката.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
01.12.2020
Почна аплицирањето за добивање два денари субвенција за килограм произведено и предадено винско грозје
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите производители на грозје дека од денеска па се до 25- ти декември 2020 година, може да се поднесуваат електронски барања за произведено и предадено винско грозје во регистрирани капацитети за производство на вино. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека за оваа финансиска поддршка може да аплицираат сите кои предале грозје од сортите: Смедеревка, Вранец, Бургундец црн, Станушина, Кртошија, Жилавка и Кадарка.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
28.11.2020
Бабовски : Петстотини и четириесет земјоделци ќе добијат нови трактори преку програмата за рурален развој, денеска беа доделени првите пет договори
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски заедно со заменик министерот за земјоделство, Трајан Димковски, денеска во Штип ги доделија првите пет договори за набавка на трактори преку Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека условите за добивање на оваа поддршка ги исполнуваат 540 апликанти.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
27.11.2020
Бабовски : Ги развиваме руралните средини, денеска исплатени 229,5 милиони денари за предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети
Директорот на Агенцијата за финснсиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, заедно со градоначалникот на Кавадраци, Митко Јанчев, и членови на Советот на општината, денеска разговараа за реализацијата на капиталните проекти кои се реализираат со средства од Програмата за рурален развој. Директорот на АФПЗРР, Бабовски истакна дека општината Кавадарци има добиено поддршка за реализација на 4 проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, и сите се од витално значење за тој крај затоа што овозможуваат развој на рурален туризам и раст на локалната економија..
[повеќе] |
|
|
Menu
|