|
|
Има
2936
текстови на
420
страни а Вие сте на
235
-та страна |
ПРОДОЛЖУВА ИСПЛАТАТА НА СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА
-
24.01.2011

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со исплата на средства од ИПАРД Програмата. По успешната реализација на инвестицијата уште два корисника добија средства од ЕУ фондовите наменети за рурален развој.
2.453.819,00 денари се исплатени на корисникот СЕНТИС АГ од кои 1.840.364,00 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 613.455,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиција индустриски систем за акумулација на разладна енергија и систем за разладување на основна суровина, односно модернизација и технолошко осовременување на специјализираните капацитети за преработка на млеко.
1.221.387,00 денари се исплатени на корисникот ФРУТЕМА Дооел од кои 916.040,00 се средства од ЕУ и 305.347,00 денари се средства од буџетот на РМ за инвестиција систем капка по капка и машина за редова обработка на овошки со хидраулична странична рака.
[повеќе] |
ИСПЛАТЕНИ ПРВИТЕ СРЕДСТВА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА
-
11.01.2011
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја изврши првата исплата на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
На корисникот ДПТУ Микаста ДОО по успешното реализирање на инвестицијата систем за наводнување капка по капка и мулчер, кофинансиран му е износ од 275.032,50 денари од кои 206.274,50 денари се средства од буџетот на ЕУ, а 68.758,00 денари средства од буџетот на РМ.
На првиот Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од предпристапната помош наменета за рурален развој на ЕУ (ИПАРД) за кој предвидените финансиски средства изнесуваа вкупно 24.320.000 ЕУР, кумулативен буџетски износ за 2007-2009 година, беа доставени вкупно 133 барања.
Се склучија 27 договори за проекти вредни 3,8 милиони евра, односно беше побарано кофинансирање во износ од 1,9 милиони евра.
[повеќе] |
ОГЛАС ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ
-
10.01.2011

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објавува
ОГЛАС
за ангажирање на волонтери објавен на 10.01.2011 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој има потреба од ангажирање на пет волонтери. Лицата ќе бидат задолжени за извршување на наједноставните административни работи во секторите во кои ќе бидат распоредени. Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните услови: - VII/1 степен на образование од полето на општествени науки, биотехнички науки и техничко - технолошки науки, - активно познавање на англиски јазик, - познавање на работа со компјутери.
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија (CV) во електронска форма на e-mail: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk Рокот за аплицирање изнесува 5 дена од денот на објавување на огласот.
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
05.01.2011
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 27.12.2010 – 03.01.2010 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година за сточарство по мерка Финансиска поддршка за обележани грла кози по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
05.01.2011
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 27.12.2010 – 03.01.2010 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година за растително производство по мерка Финансиска поддршка по површина за одржување на постоечки овошни насади по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
05.01.2011
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 27.12.2010 – 03.01.2010година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година за растително производство по мерка Финансиска поддршка за подигање нови овошни насади по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
05.01.2011
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 27.12.2010 – 03.01.2010 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година за растително производство по мерка Финансиска поддршка по површина за одржување на постоечки лозови насади евидентирани во регистарот на лозови насади заклучно со 30.11.2010 година по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
|
|
Menu
|