СООПШТЕНИЕ
-
27.07.2020
За пет дена завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година
До крајот на оваа недела, односно заклучно со петок (31.07.2020), трае рокот за поднесување на барања за субвенции за Програмата за директни плаќања 2020 година. Во овој период се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за полeделски и градинарски култури, лозови и овошни насади. Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.
[повеќе] |