СООПШТЕНИЕ
-
14.05.2020
Распределени се 50 фотоволтаични комплети за производство на струја на бачилата и 150 водопоила од инокс за напојување на добитокот
Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски, беа во посета на фарма на земјоделецот Зоранчо Штерјов во штипското Ново Село. „За прв пат македонските бачила од високопланинските региони добија струја. Со средства од Програмата за рурален развој за 2019 година, набавени се и распределени 50 фотоволтаични панели во вредност и истите се распределени на бачилата низ целата држава: Битола, Штип, Радовиш, Македонски Брод, Дебар, Кавадарци, Гостивар, Свети Николе, Кичево и Велес. На овој начин ќе придонесеме сточарите да добијат пристојни услови за живот и полесно производство, што претставува голема поддршка за сточарите. Освен фотоволтаици набавени се и 150 метални водопоила кои за прв пат се изработени од нерѓосувачки материјал (инокс) со долготраен квалитет и распределени се на 83 локации на територијата на државата како и пластични црева за вода. Со ова заокружуваме набавка на се што е потребно за подобрување на условите на бачилата. Вкупниот износ на набавената опрема изнесува вкупно 23,875,076 денари со ДДВ“- изјави министерот Трајан Димковски.
[повеќе] |