|
|
Има
2936
текстови на
420
страни а Вие сте на
29
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
05.05.2020
Денеска завршува рокот за предавање на зелка во регистрирани откупни центри и стекнување со право на дополнителна поддршка од 3 денари по килограм
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите земјоделци дека денеска 5- ти мај, завршува рокот за мерката „Директни плаќања за зелка од домашно производство предадена во период од 5 април до 5 мај 2020 година во регистрирани откупни центри. “
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
29.04.2020
До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“ гориво за земјоделска механизација истекува на 30 –ти април 2020 година.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
20.04.2020
Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите можат да ги подигнат субвенциите од банкомат, од утре подигнувањето готовина од банки ќе се врши по азбучен ред
Денеска од 16 до 23 часот тутунопроизводителите кои правно – законски се стекнале со право за финансиска поддршка за тутун можат да ги подигнат субвенциите од банкомат под контролиран режим и списоци од Министерството за внатрешни работи. Максималниот износ на средства којшто ќе може да се подигне преку банкомат во текот на 24 часа е еднаков на дневниот лимит за подигнување готовина од дебитната картичка, којшто веќе е договорно утврден со банката чии услуги ги користи корисникот којшто ги подига средствата. За да се подигне готовина од добиените субвенции, потребно е дебитната картичка да е поврзана со конкретната сметка на којашто е извршена уплатата. Тутунопроизводителите кои немаат платежни картички за банкомат а имаат потреба од готовина средствата од субвенциите од шалтерите на банките, ќе може да ги подигнат во експозитурите и филијалите на банките во коишто се нивните сметки, во општините во коишто живеат, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето на тутунопроизводителот и тоа според следниот распоред: • 21 април (вторник) презимиња кои започнуваат на А, Б, В, Г, Д; • 22 април (среда)презимиња кои започнуваатна Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К; • 23 април (четврток) презимиња кои започнуваатна Л, Љ, М, Н, Њ, О, П; Р; • 24 април (петок) презимиња кои започнуваатна С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
18.04.2020
Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколта 2019
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство, Николче Бабовски, денеска одржаа прес-конференција во врска со исплатата на субвенциите за тутун од реколта 2019.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 19.050 тутунопроизводители, денеска исплати над 30 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун во регистрирани откупни претпријатија за реколта 2019. Поради вонредната состојба предизвикана од КОВИД-19 и придонес кон заштита на јавното здравје Агенцијата, министерствата за земјоделство, за финансии, за одбрана и за внатрешни работи како и Народната банка подготвија соодветен модел за начинот на подигнување на парите, се со цел да не се создадат дополнителни гужви во сите филијали на банките низ Република Северна Македонија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, информира дека субвенциите се веќе исплатени на сметките на корисниците, и апелираше до тутунопроизводителите да се придржуваат кон начинот на подигнување на парите.
„Подигнување на субвенциите за тутунот ќе се одвива во четири последователни денови започнувајќи од 21 април, вторник, заклучно со 24 април, петок. За секој од овие четири денови е направен распоред на исплата според азбучен ред на презимињата на физичките лица тутунопроизводители и на правните лица. Оние тутунари кои сакаат да подигнат готовина од банкомат, ќе можат да го сторат тоа и во понеделник од 16 до 23 часот, за што Министерството за внатрешни работи ќе има список според азбучниот ред“, истакна Димковски.
Можност за вадење готовина од банкоматите корисниците ќе имаат и од вторник до петок до 18 часот и покрај полицискиот час, во договор со Министерството за внатрешни работи кои ќе имаат списоци.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
10.04.2020
Се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и од Националната и од ИПАРД програмата
Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со која се ставаат во мирување сите рокови и отворени повици и за Националните и за ИПАРД 2 Програмата, соопштија на денешната прес конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски. Целта на донесувањето на Уредбата, е поради тековната вонредна состојба поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, а со цел да се излезе во пресрет на сите корисници на финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
[повеќе] |
СООШТЕНИЕ
-
07.04.2020
АФПЗРР: Прием на странки само во исклучителни случаи од 09:00 до 12:00 часот,сите информации може да се бараат по електронски пат
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, согласно препораките и Одлуките на Владата на Република Северна Македонија, ги информира странките дека заради превенција од „ковид 19 “ и спречување на нејзино ширење, прием на странки ќе се врши само во исклучителни случаи секој работен ден од од 09 :00 12:00 часот.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги замолува сите корисници на услугите да имаат разбирање за новонастаната состојба и контактите да се сведат на минимум се со цел заштита и превенција од вирусот „ковид 19“
Се замолуваат странките за сите потребни информации да се јават во Кол центарот на АФПЗРР, 023097450 секој работен ден.
Апелираме до нашите соработници и корисници на услугите кои дава АФПЗРР, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе владата, и да сториме се да го спречиме ширењето на вирусот „ковид 19“ во државата.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
25.03.2020
Нов дополнителен рок од 15 дена за поднесување на барања за „Мерка 1 Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој заради новонастанатата состојба со вирусот „ковид 19 “ ги информира сите фармери и претпријатија од агро – секторот дека за 15 дена го продолжува рокот за поднесување на апликации за користење на средства од ИПАРД 2 Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“.
[повеќе] |
|
|
Menu
|