СООПШТЕНИЕ
-
09.03.2020
Утре завршува рокот за мерката за финансиска поддршка од 20.000 евра за млади земјоделци
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите лица од 18 до 40 години кои сакаат да поднесат барање за добивање на финансиска поддршка преку мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“ истото може да го сторат најдоцна до утре 10 – ти март, до крај на работниот ден или документите да ги испратат по препорачана пошта. Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра. Неповратната финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства. Сите млади земјоделци што ќе конкурираат и ќе ги исполнат пропишаните услови, ќе добијат неповратна финансиска поддршка до 20.000 евра.
[повеќе] |