|
|
Има
2936
текстови на
420
страни а Вие сте на
386
-та страна |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
25.02.2009
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 23.02 – 25.02.2009 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година за растително производство по мерка Финансиска поддршка за за подигање на нови лозови насади по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
-
17.02.2009
ИЗВЕШТАЈ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ ВО 2008 ГОДИНА
Преглед на број на корисници по програми и по години:



Структурата на корисници во 2008 година е следна:

Реализација на финансиката поддршка по мерки:

[повеќе] |
И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
-
02.02.2009
НОВИНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 9 јануари 2009 година го усвои Законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Новините на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој преставуваат сублимат од досегашното практично искуство на Агенцијата и имаат за цел да овозможат функционирање на современа и сервисна институција ориентирана кон поддршка на земјоделството и руралниот развој.
Имајќи ја во предвид основната цел заради која е формирана Агенцијата, односно реализација на финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, пристапивме кон измена на Законот во деловите кои поради недореченостите и правните празнини во голема мера можат да ги ги загрозат темелните вредности на Уставот на Република Македонија како што се владеењето на правото и правната сигурност.
Со измените на Законот утврдена е обврска за Агенцијата да обезбеди транспарентност во постапката во смисла дека корисниците на финансиска поддршка од Буџетот на Европската Унија ќе бидат објавени на Интернет страницата на Агенцијата и тоа нивното име и презиме, општина на која се реализирала инвестицијата, како и износот на финансиската поддршка.
[повеќе] |
И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
-
29.01.2009
И Н Ф О Р М А Ц И Ј А
Во периодот од 13 – 15 јануари 2009 година во организација на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделстовото и руралниот развој (АФПЗРР) се одржа обука за вработените во Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ), Федерација на фармери и на Подрачните единици при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Целта на обуката беше:
- Претставување на Програмата за Финансиска поддршка во земјоделството за 2009 година - Презентација на обрасците А, А1 и А2 – барање за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството (ПФПЗ) за 2009 година (растително и сточарско производство), како и на упатство за пополнување на горенаведените обрасци за мерките 1.1, 1.4, 1.13, 2.1 и 2.2 - Листа на потребни документи за остварување на правото на користење на средствата од ПФПЗ за 2009 година
На обуката одржана на 13 и 14 јануари 2009 година присуствуваа 100 вработени од АПРЗ.

Слика од обуката одржана 14.01.2009 со вработените од АПРЗ
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
26.01.2009
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 20.01 – 22.01.2009 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година за сточарско производство за мерката оставено женско јагне по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
23.01.2009
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 19.01 – 21.01.2009 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година за посебни мерки по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА
-
23.01.2009
ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

Во периодот од 19.01 – 21.01.2009 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2008 година за сточарско производство по мерка Финансиска поддршка за произведено и продадено млеко во регистририани објекти за преработка на млеко по Подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, и тоа за:
[повеќе] |
|
|
Menu
|