СООПШТЕНИЕ
-
21.10.2019
Бабовски : Почна аплицирањето за субвенции за трета фаза млеко и за заклани и предадени несилки во преработувачки капацитети
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, ги известува сите млекопроизводители дека започна поднесувањето на барањата за субвенции за предадено овчо, козјо, и кравјо млеко, трета фаза млеко, односно, за произведено и предадено млеко во периодот од мај до септември 2019- та година. Барањата за искористување на финансиската поддршка млекопроизводителите може да ги поднесат електронски најдоцна до 5- ти ноември 2019 година. Висината на поддршката за произведено и предадено овчо и козјо млеко изнесува 4,5 денари по литар, додека за кравјото млеко поддршката е 3,5 денари по литар произведено и предадено млеко на преработувачки капацитети.
[повеќе] |