СООПШТЕНИЕ
-
02.09.2019
АФПЗРР: Потпишани првите договори од третиот повик од ИПАРД 2 програмата во вредност од 137 илјади евра
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјодеството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска ги доделија првите десет договори од Мерка 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства “од третиот повик од ИПАРД 2 програмата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, истакна дека оваa мерка овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на мотокултиватори, балирачки фрези, косачки, системи капка по капка, опрема за благосостојба на животните и унапредување на домашните фарми, инвестици во реконструкција и изградба на фарми и други инвестиции кои ќе овозможат земјоделците полесно и на побрз начин да ги извршуваат работите кои ги имаат на нива или на фармите и да го модернизираат производството.
[повеќе] |