СООПШТЕНИЕ
-
26.06.2019
Бабовски: Почна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка за порибителен материјал
Од денеска до 15- ти јули, сите субјекти кои ги порибиле рибниците со порибителен, (насаден ), материјал во периодот од 1- ви февруари до 30- ти мај, ќе може да аплицират за добиивање на финансиска поддршка од Програмата за рибарство и аквакултура. Право на користење на поддршката имаат сите субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и да немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 - декември 2019 година, од видот риба за која поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал за сопствено насадување на рибникот. Право на финансиска поддршка имаат и оние субјекти кои набавиле подмладок и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и имаат купено подмладок од субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет и кои немаат увезено порибителен материјал и жива риба во периодот декември 2018 - декември 2019 година.
[повеќе] |