|
|
Има
2936
текстови на
420
страни а Вие сте на
50
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
30.04.2019
АФПЗРР: До крај на мај земјоделците ќе може да конкурираат за набавка на трактори
Од денеска до крај на месец мај, земјоделските стопанства ќе може да конкурираат за добивање на средства за набавка на трактори. Овој повик се реализира согласно тековните и планирани рокови по програматата за рурален развој. Вкупните прифатливи трошоци по поединечен корисник за набавка на трактор изнесуваат до 3.500.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво. Финансиската поддршка се исплаќа по принципот на ко-финансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци. Но, процентот на ко-финансирање се зголемува на 55% од вредноста на инвестициите доколку носителот на земјоделско стопанство е млад земјоделец (од 18 до 40 години старост ). 60 отсто кофинансирање е предвидено доколку инвестицијата се реализра во подрачје со ограничени можности, 65% кофинансирање од вкупната вредност се доделува за инвестиции поднесени од млади земјоделци чии што земјоделски стопанства се наоѓаат во подрачје со ограничени можности и 75 % кофинансирање е предвидено за инвестиции во недостапни рурални заедници. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски информира дека оваа година во Програмата за рурален развој двојно е зголемена вкупната финансиска поддршка за набавка на трактори. Односно од минатогодишните 30 милиони денари, годинава за оваа намена издвоени се 60,2 милиони денари.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
18.04.2019
Започна аплицирањето по Програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година е започнат и ќе трае до 30 мај. Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.
Agjencia për përkrahje financiare në bujqësi dhe zhvillimit rural informon bujqit se afati për dorëzimin e kërkesave për subvencione për vitin 2019 ka filluar dhe do të zgjasë deri më 30 maj. Në këtë periudhë do të dorëzohen kërkesa për pagesa direkte për prodhimtari bimore dhe të kopshtaris, vreshta dhe pemishte si dhe për prodhim blegtoral dhe atë për mbarështimin e bagëtisë, dele, dhi, bleta, derra, dhe kafshë të therrura në thertore.
македонска верзија | албанска верзија
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
16.04.2019
Започна исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2018, денеска исплатени над 27 милиони евра
Денеска, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска започна со исплата на субвенции за тутун за реколта 2018- та година. На сметките на 26.776 тутунопроизводители денеска се исплатија над 27 милиони евра. Во моментов, уште една компанија откупувач на тутун нема доставено списоци до Платежната агенција, затоа исплатата за тие тутунопроизводители ќе се реализира во следните неколку дена.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
09.04.2019
При крај е рокот за аплицирање за набавка на педигриран приплоден добиток
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги потсетува сите заинтересирани дека во четврток, на 11- ти април завршува рокот за аплицирање по Мерката 121 „Набавка на приплоден добиток. Преку програмата за Рурален развој на располагање се 91 милион денари за набавка на приплоден добиток односно, педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници ( со исклучок на расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.
Претходно за оваа мерка на располагање беа само 14 милиони денари. Со оваа драстично зголемување на средствата, се дава стимул за развој на сточарството во земјава.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
08.04.2019
Започна потпишувањето на договорите за мерката за инвестиции во преработувачки капацитети од последниот повик за ИПАРД 2
Од денеска започна склучувањето на договорите за мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи“ од последниот повик за ИПАРД 2 програмата, кој заврши на крајот на јануари годинава. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска во МЗШВ ги потпишаа првите договори со три компании од земјоделскиот сектор. Проектите на трите компании кои денеска ги потпишуваат договорите, се однесуваат на инвестиции во преработка на овошје и зеленчук, млеко и млечни производи и производство на свежо цедени сокови. Министерот Николовски посочи дека една од клучните политики на Владата е поддршката на преработувачката индустрија како гранка која ќе овозможи обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и решавање на проблемите со вишоците производи, поради што изминатиот период и МЗШВ и Платежната агенција активно работеа на побрза обработка на решенијата и склучување на договорите.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
05.04.2019
Се продлабочува соработката помеѓу Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој и АД "Водостопанство на Република Северна Македонија"
Директорот на АД "Водостопанство на Република Северна Македонија", Илми Селами, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, потпишаа Меморандум за соработка за техничка помош и подршка пред се во делот на поуспешно спроведување на потребните теренски контроли како и взаемна подршка во опрема, простории и слично. На состанокот присуствуваше и заменик директорот на АФПЗРР, Абдулселам Селами. На состанокот двете страни меѓусебно беа информирани за тековните активности кои ги спроведуваат овие две институции.
[повеќе] |
|
|
Menu
|