Исплатени 3 милиони евра за поддршка на младите земјоделци, Владината мерка дава резултати
-
25.10.2018
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, беа во посета на млади земјоделци од с. Оризари, кои ги искористиле средствата од мерката „Млад земјоделец“. Николовски и Бабовски, на терен се уверија во успешноста на мерката „Млад земјоделец“ за која има голем интерес кај младите кои започнуваат сопствен агро бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека согласно критериумите, предност на повикот имаат младите кои повеќе од две години се невработени.
[повеќе] |