|
|
Има
2930
текстови на
419
страни а Вие сте на
61
-та страна |
СООПШТЕНИЕ
-
12.09.2018

Демант! Почитувани,
По повод натписите во дел од порталите, но, и согласно медиумскиот интерес за Јавната набавка на Агенцијата за финансика поддршка на земјоделството и руралниот развој, Ве информираме дека Јавната набавка е направена согласно Годишниот план за јавни набавки на АФПЗРР, и по планот на Владата на РМ за модернизација на институциите.
Средствата наменети за оваа Јавна набавка изнесуваат 7 милиони денари, од нив 4 милиони денари се планирани и обезбедени од Програмата помош при транзиција за институционална надградба, средства од ИПА фондови. Три (3) милиони денари се обезбедени од Програмата за Финансиска поддршка во Руралниот развој. Доколку не ги искористевме овие средства истите ќе беа вратени во ЕУ.
[повеќе] |
Со Европските фондови брзо ќе го развиете земјоделскиот сектор
-
04.09.2018
Македонската делегација составена од директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посебниот советник за земјоделство на Премиерот, Ленче Николовска, како и советникот на министерот за земјоделство Томе Мојсовски остварија средба со министерот за земјоделство на Бугарија Румен Порожанов. Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, побара од Порожанов, во наредниот период да се обнови меморандумот за соработка помеѓу Платежните Агенции на двете земји.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
01.09.2018
Нови средства за земјоделците кои го обновиле генетскиот потенцијал на стадата, подигнале нови овошни и лозови насади
Од денеска, па се до крајот на овој месец, сите земјоделски стопанства кои се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, ќе може да аплицират за добивање на средства од Програмата за финансиска поддршка и руралниот развој, односно преку „Мерката 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“.
За овие средства ќе може да аплицираат сите земјоделци кои од 1-ви јануари до 30 –ти септември 2018 –та година ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад, или пак засадиле повеќегодишни ароматични растенија како ( фацелија, еводија и багрем) на нови површини. Исто така, со овие средства фармерите ќе може да повратат и половина од инвестицијата за набавени оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата Буша), а се признаваат и трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинални или мелезни на свињи (нерези или низимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
29.08.2018
Хрватското искуство за повлекување на средства од ЕУ фондовите драгоцено за Македонија
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, и посебната советничка за земјоделство на Премиерот на Владата на РМ, Ленче Николовска, ја посетија Хрватската Платежна Агенција. Македонските претставници ги прими директорката на хрватската Платежна Агенција, Матилда Цопиќ. Таа на нејзините колеги им ги презентираа придобивките на Хрватска од членството во Европската унија. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, се заблагодари за поддршката што неговата колешка Цопиќ и Агенцијата со која таа раководи ја даваат на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Бабовски и Цопиќ, истакнаа дека соработката помеѓу двете Агенции продолжува, но и се зајакнува посебно по потпишувањето на меморандумот за соработка, се со цел во наредниот период земјава да искористи што повеќе европски средства.
„Искуството на Хрватската Платежна Агенција во повлекувањето на средствата од ЕУ фондовите ни се од особено значење со оглед на нашиот евроинтеграциски пат. Размената на искуства, соработката на двете агенции ќе продоолжи и понатаму, а се во интерес на земјоделците и агробизнисмените. – исткана директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
21.08.2018
Во тек е процедурата за исплата на средствата за договорите склучени по ИПАРД 2 програмата
Од денеска почна процедурата за исплата на пари за договорите кои се потпишани по последниот повик од ИПАРД 2 Програмата. До денеска, до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, се пристигнати 107 барања за исплата, од вкупно 684 договори кои беа склучени минатиот период, а се однесуваат за побарување на средства по Мерките 1 и 3 од ИПАРД 2 Програмата од последниот повик. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска го посетија земјоделско стопанство „Еуро Лозар“ во селото Лакавица, Штип од каде ја испратија пораката за бенефитот што домашниот агро – сектор го добива со средствата кои се нудат преку ИПАРД Програмата. Директорот Бабовски истакна дека:
„ Денешниот капацитет кој го посетивме има направено инвестиција за набавка на автоматска берачка за вишни, вредна 50 илјади евра, од нив половина од средствата, или 25 илјади евра ќе бидат вратени кај инвеститоторот. Со оваа нова машина, сопственикот на овој капацитет, освен што ќе заштеди на време во берба на овошјето, ќе се забрзат испораките или преработката на овошјата, со што полека, но, сигурно ќе се прилагоди на барањата на ЕУ стандардите. Секако, со оваа инвестиција од ИПАРД 2 програмата ќе останат и повеќе пари не само кај овој апликант, туку и кај сите производители и кај бизнис заедницата, кои имаат добиено средства од ИПАРД Програмите. “ – истакна директорот на АФПЗРР Николче Бабовски.
[повеќе] |
|
|
Menu
|