Со мерки од Програмата за Руралне развој, обезбедуваме подобар живот за граѓаните во руралните подрачја
-
02.07.2018

Од денеска, па се до крајот на август, сите Единици на локалната самоуправа, Центрите за развој на планските региони кои се регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој, ќе може да аплицираат за добивање на средства од Програмата за Рурален развој . Освен ЕЛС, и Центрите за развој на планските региони, за третата мерка односно 323 за Зачувување и унапредување на традиционални вредности во Рурални подрачја може да се пријават и Агенција за промоција и поддршка на туризмот како и Јавното претпријатие „Македонски шуми“. Мерките ги образложија министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и директорот на АФПЗРРЗ, Николче Бабовски. Со помош на овие средства од Програмата за Рурален Развој, ќе овозможиме реализација на капитални инвестиции во општините. Инструментите и политиките за Руралниот развој, ќе овозможат подобрување на квалитетот и условите за живот во помалку развиените подрачја во земјава, а ќе може да ги зачуваме природните, културните и развојните вредности на руралните подрачја.
[повеќе] |