|
|
Има
2930
текстови на
419
страни а Вие сте на
64
-та страна |
ИНТЕРВЈУ
-
28.05.2018
Преку поедноставување на процедурите за ИПАРД II програмата, до поголема искористеност на европските средства. Директорот на Агенцијата, Николче Бабовски во интервју за емисијата „Економски магазин“ рече: „Сите нотирани недостатоци, и пречки веќе се надминуваат. Вработените и во Агенцијата, но и останатите надлежни институции заеднички работат за да се надминат проблемите , а со тоа и да се искористат што е можно поголем дел од средствата кои земјава ги има на располагање за наредниот период. Само на првиот повик пристигнати се 1648 барања за сите три мерки.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
23.05.2018
Денеска исплатени 3,9 милиони евра пари од субвенции за тутунот
На сметките на 3,828 тутунопроизводители денеска ќе легнат околу 3,9 милиони евра пари од субвенции за тутунот од реколта 2017 – та година. Оваа сума е дел од преостанатите 20 отсто за исплата на субвенциите за тутунот. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги обработува решенијата за преостанатите субвенции за тутунот, и се очекува исплатата комплетно да заврши во текот на следната недела.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
22.05.2018
Од утре исплата на субвенции за овошје, градинарски култури и дополнителни субвенции за праски и лубеници
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој, утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети, и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници.
Од оваа сума околу 2,5 милиони денари се за субвенции за произведено и продадено овошје во преработувачки капацитети кои ќе се исплатат на 147 лица, а близу 1,2 милиони денари за интервентната мерка за праски за 56 лица. Околу 9,3 милиони денари се за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети за 278 лица и над 1,1 милиони денари за интервентната мерка за лубеници за 26 лица.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
19.05.2018
Заев, Бабовски и Анѓушев во увид на капацитетот во изградба кој повлече најмногу средства преку ИПАРД II програмата Премиерот Зоран Заев, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, одржаа работен состанок, а направија и обиколка на локацијата каде се гради новата компанијата „Подгорка“ од Струга. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, рече дека вкупната инвестиција е 5 милиони евра. Половина од средствата се обезбедени од ИПАРД. „Компанијата „Подгорка“ е инвестиција која преку ИПАРД II повлече најмногу средства досега. 2 милиони и 250 илјади евра се одобрени од финансиската поддршка. Од нив 1милион и 687 илјади евра се обезбедени од Еу, и 562 илјади евра од Нациналното кофинансирање.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
17.05.2018
ПАРИТЕ ОД СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНОТ ПОЧНАА ДА ЛЕГНУВААТ НА СМЕТКИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ
Над 22 милиони евра средства од субвенции денеска легнаа на сметките на тутунопроизводителите. Околу 20.880 тутунопроизводители или 80 отсто од предвидените средства за оваа мерка веќе се на трансакциските сметки на тутунарите.Ова денеска од селото Ивањевци, општина Могила, го презентираа Министерот за земјоделство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
15.05.2018
ВО ЧЕТВРТОК ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ТУТУНОТ
Во четврток, оваа недела, ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколатата 2017–та. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во моментов ги подготвува решенијата за исплата по што ќе следува исплатата на субвенциите. Според податоците, зголемени субвенции за тутунот од реколтата 2017 ќе добијат над 23.400 тутунари. Во однос на просечната откупна цена на тутунот, оваа година се постигна убедливо највисока просечна цена од 217,6 денари за килограм. Со новиот начин на зголемено субвенционирање во три нивоа кој започнува со реколтата 2017, субвенцијата за прва класа тутун е 80 денари субвенција, за втора класа 70 денари и 60 денари е третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи. Целта на новиот модел на субвенционирање е да се поттикнат тутунарите да произведуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција. Тутунопроизводството е значајна гранка за македонското земјоделство, која што носи девизен прилив од околу 100 милиони евра годишно.
[повеќе] |
СООПШТЕНИЕ
-
15.05.2018
СО ЕФИКАСНА ИСКОРИСТЕНОСТ НА ЕВРОПСКИТЕ ФОНДОВИ ДО МОДЕРНО И КОНКУРЕНТНО ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО
Модернизација, прилагодување кон европската регулатива, и поголема апсорпција на средствата од ИПАРД програмите. Ова се заклучоците од првата Бизнис конференција на тема „Менаџирање и искористување на Еу фондовите.“ . По добивањето на безусловната препорака од Европската комисија, за отпочнување на преговорите за влез во Европската унија, повеќе од било кога како држава треба да работиме на исполнување на препораките од Европската Унија во делот на земјоделството. Затоа како што рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и рурален развој Николче Бабовски, Македонија мора да се фокусира на правење конкурентен, квалитетен производ кој ќе овозможи преработувачката индустрија да повлече што поголем дел од предвидените 80 милиони евра. Според Бабовски, најдобар доказ за тоа се и големиот број на апликации.
- Интересот е голем и кај земјоделците и кај преработувачката индустрија, а тоа го потврдува и бројот на апликации кои на првиот повик од ИПАРД 2 достигна 1.648. Ќе направиме се за максимално да ги искористиме средствата од ЕУ,- рече директорот на АФПЗРР Николче Бабовски. Во обраќањето на конференцијата Бабовски потсети дека изминатите години Македонија искористи незначителни 17 отсто од расположливите средства.
[повеќе] |
|
|
Menu
|