СООПШТЕНИЕ
-
10.05.2018
СО ПОЕДНОСТАВЕНИ ПРОЦЕДУРИ ДО ПОГОЛЕМА ИСКОРИСТЕНОСТ НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД II ПРОГРАМАТА.
Преку поедноставување на процедурите за ИПАРД II програмата, до поголема искористеност на европските средства. Ова е пораката на директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски на првото Мешународно научно – стручно советување Агро – Наука и пракса. Време е домашното производство да го прилагодиме и приближиме до Европските стандaради, со што ќе покажеме дека Македонија може, знае и умее да го унапреди и зголеми домашното производство на земјоделски култури. Бизнисмените кои присуствуваа на денешното советување го прашаа директорот Бабовски, кои се плановите, и на кој начин ќе се подобри апсорпцијата и искористеноста на ИПАРД програмата? Бабовски со одговор. „Сите нотирани недостатоци, и пречки веќе се надминуваат. Вработените и во Агенцијата, но и останатите надлежни институции заеднички ќе работат за да се надминат проблемите , а со тоа и да се искористат што е можно поголем дел од средствата кои земјава ги има на располагање за наредниот период.“ – рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој Николче Бабовски.
[повеќе] |