Секторот за регистри е надлежен за следните работи и задачи:
- воспоставување и ажурирање на регистрите потребни за имплементација на Интегриран административен контролен систем (ИАКС),
- воспоставување, ажурирање и грижа за ефикасно функционирање на базата за референтни цени, Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) и Системот за идентификација на земјоделски парцели (СИЗП),
- поврзување и кординација со Регистарот за идентификација и регистрација на животни и други надворешни регистри,
- подготовка на периодични и годишни извештаи за работата на секторот,
- соработка со другите сектори во Агенцијата,
- соработка со други органи на државната управа,
- соработка со приватниот сектор од доменот на ИКТ и
- соработка со релевантни домашни и странски институции за работи од својата надлежност.