Секторот за аналитика и поддршка на работата на директорот е надлежен за следните работи и задачи:
- подготовка на анализи за ефектите од реалзацијата на програмите во надлежност на Агенцијата,
- подготовка на Стратешки план на Агенцијата и негово ажурурање,
- поддршка на работата на директорот на Агенцијата,
- информирање на јавноста за работата на Агенцијата,
- подготовка на периодични и годишни извештаи за работата на секторот,
- соработка со другите сектори во Агенцијата,
- соработка со други органи на државната управа и
- соработка со релевантни домашни, странски и меѓународни институции за работи од својата надлежност.