Одделението за управување со човечки ресурси извршува активности поврзани со вработување на висококвалитетни кадри, како и континуирано менаџирање на нивната надградба. Заради зголемување на ефикасноста на вработените во Агенцијата, одделението употребува современи насоки и методи кои се применуваат во подрачјето на управување со човечките ресурси. Одделението подготвува и проценки за минималната ангажираност на кадрите во АФПЗРР која ќе ги исполнува акредитационите критериуми.
Kaко особено значајни активности на одделението за човечки ресурси може да се издвојат следните:
- спроведување на транспарентна постапката за вработување во Агенцијата
- грижа за правата и обврските од склучениот работен однос на вработените во Агенцијата,
- подготвување и спроведување на програмата за развој на човечките ресурси во Агенцијата,
- идентификување на потребите и предлагање програми за обука на вработените во Агенцијата,
- подготовка на месечните примања на државните службеници,
- спроведување систем на оценување, планирање на кариера и мотивираност.