Вработените во АФПЗРР, денеска на површина од 15 хектари засадија 30 000 садници
Вработените во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во соработка со Ј.П. Македонски шуми денеска во Радовиш извршија пошумување на опожарена шума од 2024 година. На површина од 15 хектари ќе бидат засадени 30 000 млади садници од црн бор, багрем, јавор, и јасен. Директорката, Даниела Иротова Лазарева истакна дека акцијата за пошумување се спроведува...