Бачовски : Реализирана исплата од 88.6 милиони денари кон 5400 корисници за произведено и предадено млеко

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатени се 88.6 милиони денари за над 5400
млекопроизводители.

Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства – производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.

Висината на поддршкат изнесува 3,5 денари / литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 / литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

,, Агенцијата денес ја изврши исплатата за произведеното и предаденото млеко во месеците Мај и Јуни 2022 година. Во изминатиот перидот Агенцијата ја реализираше и исплатата за предаденото млеко од Јануари – Април 2023 година со што заедно со денешната премија по овој основ се исплатени над 232милиони денари’’ – образложи директорот Бачовски.