Финансиска поддршка за произведена и продадена слива

Денес ќе бидат исплатени корисниците од мерка 1.4 произведена и продадена слива од Програмата за Интервентен фонд за 2024 година. Исплатени ќе бидат 194 лица во вкупен износ од 8.274.180,00 денари. Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година и оствареното производство на слива го имаат продадено кај регистрирани откупувачи во период од 20 август 2024 година до 30 септември 2024 година по цена не повисока од 9,90 денари по килограм, а се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи. Максимална количина на слива која е прифатлива за финансиска поддршка е 17.000 кг по пријавен хектар со слива по подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржувањена постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Висината на финансиската поддршка изнесува 5 денари по килограм.