Исплата на директни плаќања за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година

Денес се исплатија 625.043.081 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 32.798 земјоделци и тоа за мерка 1.1. Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија. За оваа мерка исплатени се 392.148.316 денари кон 23.626 корисници

Исто така, денес исплатени се и средства за мерка 1.2 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за употреба на сертифициран семенски материјал, освен за тутун, како и за употреба на сертифициран или несертифициран семенски материјал за ориз. За оваа мерка се исплатени 232.894.765 денари кон 9.172 корисници.

Барателите ги поднесоа барањата за овие мерки во период мај-јуни 2024 година, а Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во рекордно време ги обработи и исплати средствата.

За првпат, Агенцијата врши исплата на средства во исто време за основната и дополнителната мерка за користење на сертифициран семенски материјал.