Со цел подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работењето, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможи земјоделските стопанства (барателите) самостојно по електронски пат, преку најава во софтверското решение за директни плаќања, да ги преземат решенијата за одобрување на финансиска поддршка во земјоделството за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството.