Агенцијата ја продолжи традицијата со лозаропроизводителите да ја добијат подршката во пресрет на празникот Свети Трифун заштитникот на лозарите.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат пријавено обработлива земјоделска површина со лозови насади, а оствареното производство на грозје го предале во регистриран откупувач, вклучително и произведеното грозје за сопствениот преработувачки капацитет или производството го користеле за сопствено потреби и продажба на пазар.
По оваа основа се исплатени 315.745.324,00 денари за 11.689 лозаропроизводител.
Висината на директните плаќања се зголемува за 8.400 денари по хектар во однос на утврдената висина на директните плаќања од подмерката 1.11.