Промоција и презентација на можностите за финансиска поддршка за земјоделските задруги

Денеска, во присуство на амбасадорот на Европската Унија на РСМ Михалис Рокас, министерот на земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев и претседателот на Македонска асоцијација на земјоделски задруги Менде Трајковски, се одржа промоција и презентација на можностите за финансиска поддршка за земјоделските задруги во Република Македонија.

Во изминатиов период континуирано се работи на мерки кои ќе придонесат земјоделците да се здружуваат. Задругарството е клучен сегмент за модерно и конкурентно земјоделство и затоа со новата програма за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 посветуваме сериозен акцент на земјоделските задруги.