На 11 Јуни 2007 година, Собранието на Република Македонија го усвои Законот за основање Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел поуспешна реализација на мерките на земјоделската политика и политиката на руралниот развој во Република Македонија. Со тоа се овозможува ефикасно управување со финансиските средства како од Буџетот на Република Македонија, така и со средствата од претпристапната помош на Европската Унија наменети за руралниот развој.
Надлежности на Агенцијата:
- извршување на мерките за директните плаќања во земјоделството;
- интервенции на пазарот на земјоделски производи;
- имплементација на производните квоти;
- извршување на мерките за рурален развој;
- реализација на средствата од претпристапната помош на Европската унија за рурален развој;
- спроведување на мерките на државна помош во земјоделството;
Работи на Агенцијата:
- прием, евиденција и обработка на барања за финансиска поддршка;
- одобрување на исплата на средства;
- организирање на финансиски и сметководствени работи;
- внатрешна ревизија;
- организирање, спроведување и координирање на административните и технички контроли и контролите на лице место;
- прибирање и обработка на податоци;
- водење бази на податоци и регистри;
- подготовка на извештаи и анализи;
За вршење на работите Агенцијата ги спроведува следните постапки:
- објавување на огласи и критериуми за доделување на финансиска поддршка;
- одобрување на финансиски средства во согласност со критериумите;
- склучување на договори за финансиска поддршка со корисниците;
- вршење на исплати;
- вршење на контрола на терен пред и по одобрување на барањето;
- одобрување на прифатливи финансиските расходи на барателите пред исплата на финансиските средства
- следење на реализацијата на проектот;
- водење на постапки против корисници кои ги искористиле финансиските средства спротивно на договорот;